24.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ансамблот „Танец“ ќе настапи во Прилеп со целовечерен концерт

На 9 октомври 2025 /четврток/ од 19.30 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концертот „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ на Ансамблот „Танец“ кој 76 години е македонски код.
Влезниците за концертот се во продажба на билетарницата од Центарот секој работен ден од 10 до 13.00 ч. и во сабота од 11 до 14.00 часот.

Веќе цели седум и пол децении, Ансамблот „Танец“ пулсира во ритам со македонскиот фолклор . Тој е амблем на нашата традиција, чувар на културната меморија, жив симбол на народната душа, нашиот амбасадор без зборови, кој со танц, песна и носија ја раскажува македонската приказна пред очите на светот.
Во своите чекори, „Танец“ го носи ехото на вековите. Неговите уникатни носии не се само облека – тие се живи документи, везени со историја, емоција и идентитет. Секој конец е сведоштво, секој дезен – порака. Наследство кое, како што се везе шема на платно, така се везе и во колективната потсвест на секој Македонец.
Основан во мај 1949 година со указ од тогашната влада, ансамблот беше создаден од потребата – длабока, исконска потреба – да се зачува она што сме.. Со децении „Танец“ расте, се развива, гради репертоар што станува златна антологија на македонското народно творештво: од длабокото и моќно „Тешкото“, до разиграното „Чифте Чамче“, од комитското јунаштво до нежноста на „Невестинското“. „Танец“ не е само национална гордост – тој е мост меѓу генерации, меѓу татковината и македонската емиграција ширум светот. Преку својата културна мисија, ансамблот го чува пламенот на традицијата, дури и таму каде што таа е далечен спомен.

Би можело да ве интересира

„БЕЛЕГ НА ВРЕМЕТО“ – вечерва, самостојна изложба на Павлина Илијеска

Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

Музеј во движење: Не може да се замисли животот во Прилеп без театарот – Платнар, Џумерко, Ристоски раскажани низ чаршијата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе