24.1 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Промоција на новото дело на Венко Андоновски „Александар јава на запад“

Во Градската библиотека „Борка Талески“ в петок, на 3 ти април од 18 часот ќе се одржи промоција на новото дело од Венко Андоновски, “Александар јава на запад”.Промоторка на настанот ќе биде Габриела Стојаноска-Станоеска, позната поетеса, раскажувачка и критичарка од Прилеп, добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ и на повеќе награди за краток расказ, меѓу кои и на конкурсот на „Нова Македонија“. Како книжевен рецензент, уредник и промотор, но и како страстен читател, таа ќе ни го доближи „Александар јава на запад“ обелоденувајќи ги сите симболи и значења што се кријат зад хуморот.

Ова дело на Андоновски влезе во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“, а во меѓувреме доживеа и второ издание.
Најавувајќи го својот роман, Венко Андоновски рече: „Ќе се смеете до солзи, ама нема секогаш да знаете и дали додека ви течат солзи од смеа, сепак плачете над бедата на историјата, над денес понижените херои и над паднатиот човек.“ Со тоа, пред да се впуштите во читање, ве поканува во оваа фарса да влезете подготвени. А секако подготвени и за разговор со него!

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата е македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Тој е дописен член на МАНУ.

Творештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици.

Андоновски е добитник на многу меѓународни и национални награди и признанија.

 

Би можело да ве интересира

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Електро – машинци, ученици, се обучуваат во Комбинатот

Прилепчанецот Филип Николоски настапи на „Златна бубамара на популарноста“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе