24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Промоција на првиот број за 2025 на списанието Стремеж

Во ЦК „Марко Цепенков“во Прилеп в сабота на 4.10. 2025  од 19 часот ќе се одржи промоцијата на првиот број за 2025 на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.

-Време е плодовите од гранките на дрвото на мудроста, кои се стремат кон единство со сончевата облагородувачка светлина и посегаат по небото како единствена граница на духот и креативноста, од срце да бидат приложени пред пошироката јавност и читателска публика. Промотивната дружба има за цел делумно да ги приближи дел од содржините кои се објавени во најновиот број на списанието до читателите и почитувачите на истото, едновремено и да ги заинтригира да се нурнат во остатокот од содржинската литературна и културна понуда на страниците од „Стремеж“ – вели главниот и одговорен уредник на Стремеж, Александар Еленин.

Првиот број во 2025 година, едновремено е и прво издание уредено од новата уредничка редакција на списанието – Александар Војнески (главен уредник), Владимир Мартиновски (уредник), Давид Стојаноски (уредник), Наташа Атанасова (уредник) и Виктор Јованоски (технички уредник).

Дизајнот на насловната страница е на Катерина Трајановска, а јазичната редакција (лектура) на Христина Ангелеска-Мијоска.

Новиот број на Стремеж содржински донесува авторски дела и препеви поделени во неколку блока.

Во поетскиот блок на авторска поезија се застапени: Владимир Мартиновски со седум зооминијатури (Џебен бестијариум) – Гуштер и камен, Полжав без дом, Комарец, Пеперуга, Гласот на паунот, Мачја песна и Песја песна, Ана Стојаноска со три песни – Отпосле тишината, [Не]мирна и Вистина, Миладин Угреновиќ со три песни – Писание, Чекање и Мисла, Цветанка Невчева со три песни – Погрешни ноти, Биди добар човек и Анатомија на чувствата. Во блокот со препеви/преводи се застапени: францускиот поет Лорен Грисон со седум песни, избор и препев на Владимир Мартиновски – Шепотот на живите, Аргонаут, Знак на еднаквост, Сок, Да се заврти сводот, Бело и Концерт, рускиот поет Николај Гумиљов со две песни, избор и препев на Елена Карпузовска – Жирафа и Папагал, полската поетеса Кажимјера Илаковичувна со четири песни, избор и препев на Звонко Димоски – Кога ќе проникне изворот, Исповед, Предупредување и Очекување, чешкиот поет Јан Скацел, избор и препев на Диме Митревски – Краток летен опиц, Молитва, Мали станици и Тажалка и бугарската поетеса Поли Муканова со две песни во препев на Зоран Јакимоски – 48 часа и Во центарот на станицата.

Со прозни дела се застапени: Александар Доневски со два раскази – Елипса и Самсара и Петре Димовски со По беспатјето до животот – завитка во вреќа од волна.

Во драмскиот блок интегрално е објавена монодрамата Ложа од Марио Стојаноски.

Со блокот посветен на критики, есеи и студии се застапени Никола Пијанманов со неговиот ликовно-уметнички осврт Сенките на Гоја и Кирил Бисероски со филозофско-естетичкиот есеј Клајновото уметничко дело – меѓу естетиката и идеологијата – вели уредникот Александар Војнески Еленин.

Би можело да ве интересира

Горивата поскапуваа од полноќ

Планинарски марш – 81 година од Февруарскиот поход

Велигденско послание на г.г.Стефан; „Верата во Воскресението е извор на трпение,љубов и надеж„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе