29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Времето донесе пречки во одвивање на сообраќајот – укинатa забраните за движење на Стража и Ростуше

Од синоќа во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец  поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Од 5 часот утрово, пак,  поради одрон на патниот правец меѓу кратовските села Живалево – Туралево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

АМСМ информира и дека се укинати забраните за тешки товарни возила кон превојот Стража и на патниот правец Маврово Ростуше.

Ова поАМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Осебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Во тек дистрибуција на изборниот материјал – гласачките ливчиња со 21 заштита

Прилепска пиварница – квалитет кој се граничи со перфекција

Спас на дете во бунар – симулативна вежба на прилепските пожарникари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе