19.1 C
Прилеп
недела, 21 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Прилеп во чест на 11 ти Октомври

Централната свеченост во пресрет и по повод големиот празник 11 Октомври Ден на народното востание на македонскиот народ беше вечерва исполнета со културно забавна програма, традиционалниот импровизиран напад на Участакот. На Плоштадот Александија свеченоста започна со изведба на македонската химна и со настап на КУД Пере Тошев.

Поздравно обраќање по повод 11 Октомври имаше градоначалникот Борче Јовчески, честитајќи го 11 Октомври – неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ и го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна 1941 та година.

Програмата продолжи со традиционалниот импровизиран напад на Участакот и огномет.  Неповторливиот Влатко Лозаноски, нашата македонската музичка ѕвезда одржа целовечерен концерт.

Би можело да ве интересира

Прилеп ја зaпочнува битката за уништување на комарците

Прилепски средношколец се претставувал како наставник и ги координирал другите наставници

Од повеќе локални водоводни системи во прилепско, водата не одговара за употреба

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе