Ансамблот Балетски сабор Борикуа, од Агуадила, Порто рико е основан во 2008 година како Елмурба. Цел – да го зајакне учењето на порториканскиот фолклор и неговите жанрови за ученици од сите возрасти. ELMYRBA е кратенка за игриви студии на музика и домородни танцови ритми. Во 2015 година се реорганизира како Фолклорен Балетски Сабор Борикуа. Неговата цел е да го презентира фолклорот и традициите на земјата и на островот во странство. Вклучува шпанско, таино и африканско наследство, кои заедно го создадоа убавиот фолклор. Во 2014 година, добива акредитација од CIOFF. Во 2015 година, започнува со проектот Фолклорен Балетски сабор Борикуа со своите младински и возрасни групи.
Ансамблот ФА „Топлан“ од Гиралтовице, Словачка постои од 1973 година и ја негува традиционалната словачка музуика и танци. Членовите изведуваат традиционални песни и игри од регионите Горни Шараш и Земпеш, Источна Словачка. Во него членуваат 40 млади, кои се облечени во традиционални живописни и авентични носии. Ансамблот учествувал на бројни манифестации и меѓународни фолклорни фестивали.


