14.9 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Во Прилеп продолжува кампањата на МОН – „Магијата е во знаењето“

По првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците.

Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, ќе се одржи во Прилеп на 26 октомври (недела), со почеток во 11 часот, во кино „Мис Стон“ во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“.

Панелот ќе може да се следи и во живо на следниот линк:
https://youtube.com/channel/UCzOX1KEu6ZBm14DqFasVMjA?si=MWcOfrO5OjMDZd_O

Во дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп, а свои искуства ќе споделат и родители.

Преку ваквите настани, Министерството за образование и наука ја продолжува мисијата за истакнување на клучната улога на наставниците во обликувањето на иднината на децата и градењето знаење што трае. Истовремено, ја промовира магијата што се случува во училниците, каде што знаењето се пренесува низ заемна доверба, разбирање и поддршка – затоа што магијата е токму во тоа.

Би можело да ве интересира

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Училиштната лабораторија во СОУ „Ѓорче Петров“ доби лабораториска опрема од Витаминка

(ВИДЕО) Крмов: борбениот дух на партијата е пресликан во прилепските советници на Левица

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе