14.6 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

За важноста на избирачкото право на граѓанинот

Утре, 19 октомври во Македонија ќе се одржат осмите по ред локални избори, се избира локална власт за следните четири години. Според ДИК, ќе бидат отворени 3480 избирачки места во 80 општини, а 1.832.412 гласачи се запишани во избирачкиот список со право на глас за избор за нов состав на совети и градоначалници.

Во Општина Прилеп ќе бидат отворени 126 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 62.053 граѓани. На избирачки места, избирачкиот процес ќе го следат и спроведат 1260 членови и заменици на избирачки одбори.

За важноста на гласањето!

Гласањето на локалните избори е начин граѓаните дирекно да влијаат врз одлучување за квалитетот на живеење во својот град или рурална заедница. Преку избор на градоначалник и советници тие учествуваат во одлучувањето за чистотата на својот град, за парковските и зелените површини, за урбаниот изглед на својот град, за уредување на улиците, училиштата, за водоснабдувањето, развојот на културата, спортот и поквалитетни јавните услуги во својата општина.

Како изгледа локалната структура која се бира на изборите?

На локалните избори граѓаните бираат градоначалник, кој е одговорен за спроведување на одлуките на Советот и управува со администрацијата и буџетот на општината. Градоначалникот е извршен орган, а дополнително за извршување на надлежностите, се организира општинската администрација. На локалните избори се бира и Советот на општината, кој е т.н „законодавен“, односно претставнички орган во општината, чија големина е пропорционална релативно со бројот на жители во општината (до 5000 жители – девет советници, од 5001 до 10.000-11, од 10.000 до 20.000-15, од 20001 до 40.000-19, од 40.001 до 60.000-23, од 60.0001 до 80.000-27, од 80.0001 до 100.000-33 и над 100.000 жители во Советот има 33 советници). Според бројот на жители Прилеп бира 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

Урбани и рурални општини 

Општината е основна територијална единица на локалната самоуправа, каде граѓаните преку овие преставници одлучуваа за локални прашања. Според последната територијална поделба Македонија има 80 општини, а дополнително Градот Скопје, до дополнителен статус е составен од 10 општини. Со оваа поделба во Македонија постојат 34 урбани и 46 рурални општини.

Надлежности на општината

Надлежностите на општината опфаќаат: урбанизам, планирање на локалниот економски развој, локални патишта, јавен превоз, комунални услуги, противпожарна заштита, образование, култура, спорт, заштита на животната средина и социјална грижа.

Денеска гласаат, старите лица, болните и затворениците

Денеска во Прилеп гласаат 297 болни, 119 затвореници и 60 стари и изнемоштени лица сместени во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“

Граѓаните на Прилеп за преставници во локалната власт избираат меѓу 11 советнички листи и  меѓу 9 кандидати за градоначалници. Од ДИК, информираат дека гласачките места, утре, ќе бидат отворени од 07 до 19 часот.

 

Би можело да ве интересира

Комеморативен настан насловен: „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ, ПРИЛЕПСКА И МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ”

Пела Редакција

Дејан Проданоски е кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Прилеп

Пела Редакција

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп за состојбата во прилепската болница ја повика на одговорност директорката на болницата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе