16.6 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

Утре граѓаните бираат – кои се нивните права

Утре, недела 19 октомври, гласачките места за Локалните избори 2025 година ќе бидат отворени од 07,оо часот, а ќе бидат затворени во 19,оо частот.

Гласањето се одвива на слободни и тајни избори

Тоа право е уставно загарантирано: гласот е еднаков, непосреден и таен; никој не смее да го условува гласачот, заплашува или да му диктира за кого да гласа. Ако некој го прави тоа – веќе стнува збор за повреда на избирачкото право која е казнива според закон.

Каква е постапката

Гласачите се идентификуваат со лична карта или пасош; ДИК утврди инструкции: проверка со биометриски уред на отпечаток од десен палец, печат на ливчето пред гласање, тајно заокружување со пенкало, а потоа секое ливче оди во своја кутија (за Скопје има повеќе ливчиња). Забранети се групно/„семејно“ гласање, фотографирање во местото на гласање и внес на оружје. Важи и правилото дека лица со документи истечени од денот на распишувањето до 19 октомври сепак можат да гласаат.

Гласачко ливче

За првиот круг се испечатија 4.613.438 гласачки ливчиња; најдолгото е околу половина метар, поради голем број кандидати/листи.

Кој ќе набљудува изборите

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР е распоредена со тим од експерти, долгорочни и краткорочни набљудувачи;, а прес-конференцијата со прелиминарни наоди е најавена за понеделник, 20 октомври, 15:00 во Скопје. Паралелно, Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа испрати делегација што ќе покрие избирачки места низ земјата.

Каде да пријавите повреда на избирачкото право

Омбудсманот отвори бесплатна линија 0800-54321 за пријави на повреди (од 07:00 до 19:00), на денот на гласањето и низ целиот процес. Линијата е активна за информации и насоки; може да пријавите и во регионалните канцеларии.

На локалните избори се избираат градоначалници и општински совети (во Скопје и градоначалник и Совет на Град Скопје).

Би можело да ве интересира

За бесправно градење кривична пријава ќе поднесе ОК на ВМРО ДПМНЕ

Божиноски: Текот на изборниот ден беше одличен во Прилеп

(Видео)Започнаа општинските партиски истакнувања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе