Жетвата е пред крајот, земјоделците не се задоволни од откупната цена на пченицата која во моментов изнесува од 9 до 10 денари за килограм. Каква е состојбата со дефинирање на цените на грозјето пред почетокот на бербата, што е со доисплатата на субвенциите за сточарите. Новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски од редовите на партијата ЗНАМ, кој што дојде на местото од досегашниот министер Цветан Трипуновски одговараше новинарски прашања во Прилеп:
Цената на пченицата и оваа година е ниска и неисплатлива. Поледелците очекуваат финансиска поддршка.
„Јас дојдов пред неколку дена. Значи затекнав состојба. Можам да дадам информација дека жетвата веќе привршува. При крај сме со жетвата, веќе во некои региони е завршена. Од некаде 63 000 хектари треба да се направи анализа и сондажа колку би очекувале и да видиме колку се капацитети кои што ја примат пченицата. Инаку, кога зборуваме околу цената знаеме дека ова е берзантска работа и реално не зависи само од нас како држава туку зависи од регионот. Да, главната идеја која што јас веќе ја пропагирам и планирам да ја спроведувам во наредниот период е претходна анализа, претходно дефинирање на цената заедно со откупувачите и со регионот. Така што сега оваа состојба која што ја имаме треба да надминеме заеднички со земјоделците и со откупувачите, додека во наредниот период треба да се оддадеме на добра анализа и нормално да видиме какви можности како држава имаме за да им помогнеме на земјоделците. Како што знаете со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени по усвојување на истиот, некаде околу 1 милијарда и 200 милиони денари во субвенции, така што се опфатени овде и житните култури, а исто така имаме мерка за складирање на пченицата која што ќе биде опфатена во наредниот период некаде до септември месец,“ појасни министерот Серафимовски.
Што може да очекуваат лозарите, наскоро стартува бербата на лозјето?
„Бербата на лозјето стартува за околу 30 тина денови. Вчера остваривме средба со откупувачите, односно со винариите. Разговарме во поглед на законот, на слободните капацитети, на залихите кои ги имаат. Ние веќе на 15 ти јули излеговме со конкретна цена, дадовме цена согласно законот и методологијата која е прифатлива од страна на лозарите. Во наредниот период ќе видиме што можеме да излеземе во пресрет како држава за креирање на мерки за помош и на едните и на другите,“ посочи министерот.
Сточарите имаат барања околу доисплатата на субвенции, бидејќи имаше проблем со исплатата. Верувам дека дел од нив се тука за да ви пренесат нивните проблеми?
„Како Влада ние наследивме ситуација на неисплатени субвенции подолги години. Значи ние сме во власта 2 години, имавме ситуација на неисплатени субвенции од претходните години. Практично средствата кои што беа предвидени сега максимално се ставени во функција и се обидуваме интензитет на исплата на истите. Затоа со ребалансот Владата предвиде поголем број на средства и истите овие сточари кои што ги спомнавте се предвидени со овој ребаланс исто така опфатени. Јас би замолил до нив за мало трпение додека да заминат сите законски процедури во Владата и во собранието и веднаш штом ќе се заврши истото ќе бидат исплатени согласно правилниците и Уредбата, посочи министерот Борче Серафимовски.

