24.3 C
Прилеп
сабота, 25 јули, 2026
Пела Радио

Димитриевски: Најчесно е тие што ја напуштија ЗНАМ да ги вратат мандатите на партијата

„ЗНАМ вети дека не само што ќе биде коректив, туку првенствено ќе биде иницијатор на општествените промени во државата со цел власта да им овозможи на граѓаните поубав, достоинствен живот и секако нивно активно учество преку неговите претставници во Парламентот и носење на клучните одлуки во државата, порача денеска лидерот на партијата, Максим Димитриевски од панел дискусијата во Прилеп, одржана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“.

Според Димитриевски караванот на ЗНАМ се реализира токму со таа цел да се поразговара со граѓаните, да се слушнат нивните позитивни  и негативни критики, со цел движењето да даде дополнителен придонес во своето работење како партиципиент во власта заедно со коалициски партнери. На новинарско прашање за став околу одлуката на советничката Мирјана Стеваноска во Советот на Општина Прилеп да делува како независен советник тој рече дека најчесно е советничката и пратеникот Миле Цеков да ги вратат мандатите на партијата.

„Лично дамата не ја познавам, мислам дека во една прилика само се запознав. Ние сме нова политичка партија која што дава шанса на многу нови луѓе. Жалам искрено за таа нејзина субјективна одлука. Првенствено мандатот се добива и се станува кандидат преку политичкиот субјект што ве номинира и истата треба да објасни на граѓаните и на членовите на партијата зошто одлучила да делува како независен советник. Но, како нова политичка партија, за нас ова е според мене својствено бидејќи не ги познаваме сите членови и симпатизери кои ни се приклучуваат. И посакуваме успех во нејзиното понатамошно работење. Таа треба да го даде вистинскиот одговор на своите поддржувачи зошто донела таква одлука. Најчесно би било, не само таа туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој мандат е добиен преку партијата,“ рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колку е задоволен од работата на локалното раководство во Прилеп Димитриевски посочи дека во Прилеп партијата има капацитет, луѓе кои што ја разбираат основната цел на ЗНАМ , а тоа е првенствено политички субјект од граѓаните – во функција на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Војниците од касарната „Мирче Ацев„ се вклучија во крводарителска акција

„СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ„ настан кој ја потврди хуманоста на прилепчани за помош за малата Бисера

Именувани лицата во управниот и надозорниот орган на новото ЈП Прилеп “Енерго-Прилеп“ – Прилеп, претпријатие за енергетска ефикасност

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе