21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Трипуновски: Очекувам поуспешна откупна тутунска сезона од ланската

Откупот на тутунот започнува утре, вторник, 18 ти ноември. Сите процедури на 10 те откупни компании за верификација на мострите и обезбедување на потребните гаранции за исплата на откупените количини се испочитувани. Останува на компаниите сами да одлучат кога ќе ги отворат вратите за прибирање на актуелната реколта. Со сигурност утре ја стартува откупната кампања Тутунски Комбинат АД Прилеп што беше повод за денешната посета на ресорниот министер Цветан Трипуновски.

Оваа година имаме одличен квалитет на тутунот, што значи дека ќе ја продолижиме традицијата на едно квалитетно производство. За разлика од минатата година, кога постигнавме еден сериозен успех, имаме околу 11% зголемени површини и пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун, што значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедесталот, односно на рамките како што било во минатото. Ние како Министерство остануваме посветени да го следиме целиот процес на откуп преку Земјоделскиот  инспекторат, кој што е надлежна институција за следење на откупот на земједолските производи. Очекуваме дека ќе имаме една мирна сезона, која што ќе биде поуспешна од минатата година. Сите откупувачи кои што поднесоа барања, обезбедија средства согласно законските процедури, и некаде оваа година имаме 337 откупни пункти кошто ќе функционираат во текот на откупот во наредниве месеци, посочи Трипуновски.

Во однос на цените останува на откупните компании да ја  приспособат висината според понудата на високиот квалитет. Разликите во цени од оние во договорите кои се во рамки на ланските, би се надополнувале со анекси.

„Очекувам дека со самиот почеток сите ќе ги нивелираат цените,  и ќе дојде до максимум кој ќе е понуден од откупните компании,  односно 420 денери за првата класса, и тоа очекувам дека ќе се случи на самиот почеток.Тоа е процес кој самите компании го водат внатре во својата раководна структура. Секогаш, нормално дека може поголеми цени, меѓутоа, јас не би навлегувал сега во делот на самите компании.  Сепак треба да одговорат тие на овие прашања,“ рече Трипуновски.

Сојузот е подготвен за стартот на откупот со обезбедени претставници на сите 337 ваги.  Преговорите за зголемување на цените сеуште траат:

„Како Сојуз, ние сме спремни за почетокот на откупот, така што сите 337 ваги покриени се со повереници. Очекуваме дека оваа реколта ќе помине многу лесно и да биде брз откуп. Така да земједелците, односно тутунопроизводителите, да не стравуваат-  ќе им биде откупен тутунот до последно кило. Ние немаме престанато со преговори и во текот на самиот откуп, ние ќе бараме поткревање на цената. До самиот крај на откупот, ние ќе бараме поткревање на цената, колку ќе успееме, ќе видиме,“ рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Што се однесува до субвенциите годинава тие се на ниво од 80 денари за прва, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа. Оваа година сите тутунопроизводители добија поддршка за зелена нафта:  1 100 денари по декар и дополнително површинска мерка од 600 денари од декар која што е исплатена, и според ресорниот министер ќе продолжи и во наредниот период.

 

Би можело да ве интересира

Француско – германска комеморација во Прилеп и Битола по повод Денот на примирјето од Првата светска војна

Потрагата по 14 годишната Вања сеуште трае!

Вработените од Еурокомпозит не отстапуваат од барањата за трајно решение

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе