16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Со спорт во Кривогаштани одбележан Меѓународниот ден на ретките болести

По повод Меѓународниот ден на ретките болести 28 ми февруари, последниот ден од најкраткиот месец во годината со вклучување на младите, на учениците, три здруженија Центар за развој и едукација, ЛАГ Агро Лидер и Урбано гнездо со поддршка на Општина Кривогаштани денеска реализираа спортски настан. Со активноста трите организации иницираа поддршка на лицата со ретки болести, солидарност, и подигнување на јавната свест за предизвиците  со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. На настанот учествуваа учениците од ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ од с. Обршани. Учениците играа одбојка во пријателска и позитивна атмосфера, покажувајќи тимски дух, солидарност и поддршка.

„Преку спорт, заедништво и позитивна енергија, испративме силна порака дека секој поединец е важен, дека различностите нè обединуваат и дека поддршката од заедницата прави вистинска разлика.Ретките болести се можеби ретки по број, но силата, храброста и љубовта на лицата што живеат со нив се бескрајни – затоа секоја подадена рака значи надеж, а секоја поддршка значи живот со повеќе достоинство. Настанот помина во одлично расположение и уште еднаш ја истакна важноста на заедништвото, поддршката и еднаквите можности за сите,“ велат од Центар за развој и едукација и ЛАГ Агро Лидер.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на Денот на ретките болести во 2008, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017.

Би можело да ве интересира

Во Градската библиотека по повод 11 Октомври – Низ стихови за татковината

Пела Редакција

Здружение Тутунски земјоделци: прецизни барања за фер откуп, реална цена и иднина на секторот

Одбележани 79 години од народното востание во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе