20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

За нарачките од „Тему“ , „ АлиЕкспрес“ќе се плаќа 18% ДДВ

Со усвојувањето на измените на Законот за данокот на додадена вредност се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални нарачки до 22 евра, со што платформите како „Тему“, „Али Експрес“, „Шеин“ и другите меѓународни продавници влегуваат под истиот даночен третман како и домашните трговци.

Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои од следната недела сите нарачки од странство со вредност над 22 евра ќе бидат обврзани со плаќање 18% ДДВ. Законот ќе почне да важи осум дена по неговото објавување во „Службен весник“.

Целта не е само зголемување на буџетските приходи, туку и усогласување со европските правила и заштита на домашниот бизнис-сектор.

Со измените се укинува досегашното ослободување од ДДВ за мали комерцијални пратки до 22 евра испорачани од странство. Исклучок ќе бидат само пратки со некомерцијален карактер – од физичко лице до физичко лице – со вредност до 22 евра. Ослободувањето и понатаму не важи за производи како алкохол, парфеми и тутунски производи.

Според заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, промените се донесени со цел воспоставување појасна правна рамка, спречување злоупотреби и создавање пофер пазарни услови меѓу домашните продавачи и странските онлајн платформи како „Тему“ и „АлиЕкспрес“.

Законот беше поддржан од 59 пратеници, додека 12 гласаа против. Новите правила се очекува да значат дополнителен трошок за купувачите, но и поголема наплата на даноци и потенцијално јакнење на конкурентноста на локалните бизниси.

Би можело да ве интересира

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

(ВИДЕО)Прилеп: Македонските земјоделци бараат ревидирање на Програмата за субвенционирање

(ВИДЕО)Нема паркинг-нема пазар!-прилепските пазарџии незадоволни од состојбата на пазарот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе