30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

⛈️Дожд и викендов, в недела снег 🌨️

Времето денес (21.11.2025 год.): Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24
часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува
умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во
интервал од 12 до 19 степени.

Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е измерена во Претор каде наврнаа 66 литри на метар квадратен. Следуваат Крушево со 37 литри, Битола со 30, Прилеп 26 и Маврови Анови 25 литри.

НАЈАВА: Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени
врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во
форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на
постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во
врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Конечно, заврна дожд

Секоја чест! Жителите на с. Гостиражни помогаа во гаснењето на шумскиот пожар

Пела Редакција

Агенцијата за медиуми го тужи Министерството за информатичко општество и администрација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе