17.1 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Во тек се активностите за чистење на речното корито на градската река – кај населбите Чачорица и Бончејца

Се чисти речното корито на градската река во долниот дел од градот  кај населбите Чачорица и Бончејца.Согласно временските услови овие активности траат веќе една недела,иако претходно еден период беа во прекин, заради неможноста да се вадат дел од насипите во градското корито , рече градоначалникот Проданоски , кој денеска имаше и увид на работењето на овој потег од речното корито на градската река.

„Денеска сме тука на лице место , од информациите што ги добив  дека повеќе од триста кубни метри се извадени од речното корито , продолжуваме понатаму како што и неофицијално најавивме да го исчистиме големото корито до железничкиот мост , овде на кејската улица.Понтаму продолжуваме во втора фаза, кон мостот на улицата Трајко Николоски  за да се заврши овој потег и да се симне нивото на големото корито во овој дел од градот,Пред извесни години поради недостаток на кејски ѕидови имавме и излевање на реката , денеска за разлика од цела Македонија,состојвата со градската река е стабилна, нема можност за излевање, и тоа е добар момент за нашата општина” , истакна градоначалникот на Прилеп , Дејан Проданоски. 

Првиот човек на Прилеп , при оваа прилика , уште еднаш упати апел до сите граѓани на општина Прилеп , да не го фрлаат отпадот во градската река , зошто  тоа прави големи штети и дека во градот има доволно локации и контејнери каде треба да се фрла отпадот.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Претрес во прилепско, пронајдена пушка и муниција, лишено од слобода едно лице

Пела Редакција

Крајпатна чешма кај „Че“ неколку други, не одговара за употреба

Концерт на прилепчанецот, виолинист Леонардо Димоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе