20.2 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Во Прилеп падна таван од куќа поради обилниoт дожд

Според информациите од ЦУК, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на води, поплави и отежнато движење во сообраќајот. Особено во прилепско загрижуват излезите од Прилеп кон Крушево и од Прилеп кон Битола. Кај т.н „Бегова ливада„ поради неисчистени одводни канали, патот во должина од два/три километри сеуште е под вода.  Бидејќи, се вози по стариот пат за Бтиоал, на неколку места од на патот има “базени“ од вода -во близина на Црн Бор, на патот Беровци во близина кај с. Лагово, кај Тополчани –  при кружниот и вклучување на регионалниот пат за Битола.  Внимателното возење е најдобрата опција.

Во Прилеп, поради обилните дождови, паднал таванот од куќа на ул. „Кајмакчалан“. Нема повредени, само направена е матерјалан штета, за што надлежните институции се известени.

Од ЦУК предупредуваат  за сериозната состојба со водостоите ширум земјата, каде поради обилните врнежи во последните 24 часа се регистрирани излевања на реки, поплавени домови и повеќе одрони на патиштата.

Најмногу дожд досега паднал во Претор (66 литри), Крушево (37), Битола (30) и Прилеп (26). Особено е загрижувачки висок водостојот на реката Сатеска.

Во Битолскиот регион, реката Шемница се излеа кај селото Лера, поплавувајќи куќа и штали, а патот Новаци – Брод–Гнеотино е целосно прекинат поради надојдена вода од Црна Река.

ЦУК информира дека сите институции се известени и веќе преземаат мерки за заштита на населението и инфраструктурата. Граѓаните се повикуваат да избегнуваат движење покрај реки, мостови и поплавени делови и секоја опасност да ја пријават на бројот 112.

Би можело да ве интересира

Сабота без струја ќе остане манастирот Св.Ѓорѓија

Пела Редакција

Пари за водоснабдување и енергетска ефикасност ќе им и за Прилеп преку владината финансиска поддршка

Пела Редакција

Покана по повод чествувањето на верскиот празник Св. Никола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе