23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Тројца Бугари заработија кривична пријава за кражба на македонско културно наследство

Бугарските државјани кои пред шест денови беа приведени од полицијата под сомнеж дека вршат недозволена трговија со македонското културно наследство (делови и предмети од македонски народни носии) заработија кривични пријави. Се обидувале со товарно и патничко возило да ги изнесат предметите без дозвола надвор од границите на Македонија :

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против А.В.Г.(50), К.А.К.(44) и Т.К.К.(48), сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“. На 09.12.2025 на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „пежо“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот и патничко возило „голф“, управувано од третопријавениот, а сопатничка била второпријавената, при што се пронајдени и одземени предмети кои претставуваат културно наследство.

Би можело да ве интересира

Приведени дилери на дрога во Прилеп и Битола

Состојбата со коронавирусот во Прилеп

Советот на општина Прилеп утре ја одржува последната годинешна седница, а ќе се пренесува во живо

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе