Предлог на Радио Пела за 13 Величествени, Данче Оклеска- гласот на заедницата што инспирира. ГЛАСАЈТЕ на ЛИНК(маркирајте, слезете подолу на страницата каде што пишува ГЛАСАЈ (и, каде може да ги видите резултатите) КЛИКНЕТЕ и одберете го Вашиот фаворит)
(Гласањето завршува на 05 февруари 2026 година. Доделувањата на признанијата е на 13ти Февруари на Светскиот Дент на радиото, по повод годишнината на Радио Пела)
Данче Оклеска станува препознатливо име во локалните медиуми благодарение на нејзината посветеност кон граѓанските иницијативи и активното учество во заедницата поврзана до грижата и подобрување на условите за предвремено родените деца. Со својата енергија и визија, таа успева да привлече внимание и да поттикне позитивни промени во секојдневниот живот на граѓаните.
Новинарите ја истакнуваат Оклеска како пример за современ активист кој со личен ангажман успева да ја мобилизира јавноста и да овозможи подобрување на условите за предвремено родените деца и подигнување на јавната свест за најмладите. Нејзините активности често се пренесуваат во медиумите како инспиративни приказни за тоа како индивидуалната иницијатива може да донесе колективна промена.
Со ваквиот пристап, Данче Оклеска не само што го привлекува вниманието на медиумите, туку и станува симбол на ангажираност, солидарност и граѓанска одговорност.
ПОРАКА: „Секој од нас има моќ да придонесе за менување на јавното мисилење за одредена состојба во заедницата. Ако се обединиме, можеме да постигнеме многу,“ вели Оклеска, охрабрувајќи ги граѓаните да бидат активни и да ја преземат одговорноста за својата заедница.

