23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Поради сообраќајна несреќа на гостите не се одржа финалето на светиниколскиот турнир

Екипите на АСП ПАК од Охрид и ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, вечерва требаше да се сретнат во финалето на традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал. Но, финалниот натпревар не се одигра, откако дел од екипата од Охрид доживеа сообраќајна несреќа доаѓајќи кон Прилеп.

Организаторите во договор со екипата финалист од Прилеп и двете екипи ги прогласија за победници, а одлуката беше проследена со аплауз од публиката.


Сообраќајната несреќа се случила околу 21 часот пред населеното место Тополчани каде од патот излетале две возила, а интервенирале и екипи од противпожарната единица.

Засега нема точна информација колку лица се повредени и во каква состојба се наоѓаат.

Според организаторите, фудбалерите кои вечерва доживеаја сообраќајна несреќа, наводоно не се тешко повредени и им била укажана медицинска помош.

Во 22ч. патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола,кој беше во прекин е пуштен во двата правци,информираат од АМСМ

 

Би можело да ве интересира

Прилепските млади џудисти со голем број освоени медали од првенството во Кавадарци

Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

Пела Редакција

Победа во првото коло гостува во Штип против Брегалница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе