21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп ќе добие опрема за комунален отпад како дел од регионалната депонија

Како дел од регионалната депонија, преставниците од Прилеп, од ЈКП “Комуналец“  и градоначалникот на Прилеп, беа дел од промотивниот настан – опрема за своремено и одржливо управување со отпад. Со оваа опрема се подготвува нов систем за функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар.

Затоа денеска, во присутво на премиерот и владини преставници, преставници од МЖСПП,  во Битола беше испорачана и промовирана новата опрема за управување со цврст отпад, составена од 16 возила и голем број контејнери и канти, наменети за општините од Пелагонискиот и Југозападниот Регион.  

Со инвестиција од околу 11 милиони евра, современиот модел за управување со отпад ќе опфати над 400.000 граѓани од 18 општини.  Според министерот за животна срдина, 2026 година ќе биде клучна за поставување на инфраструктурата, а  во тек се постапките и  за регионалните депонии во Пелагонискиот и Југозападниот Регион, Русино во Полошкиот Регион и Свети Николе за Североисточниот и Источниот Регион.

Опрема за управување со отпад обезбедена за 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион е дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад спроведуван преку Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР)

Неодмана, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа и Меѓуопштински одбор за управување со отпад што беше услов за продолжување на проектот за изградба на модерна регионална депонија по европски стандарди во овие два региони

Новиот регионален модел се очекува да резултира со поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги, намалено загадување и значително подобрување на јавната хигиена како и долгорочни придобивки за здравјето на граѓаните.
Во воспоставувањето на регионалниот систем ќе биде вклучено: изработка на нов Регионален план за управување со отпад 2026–2032, финализација на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие,  административно усогласување и координација на надлежните институции, развивање на капацитетите на општинските јавни комунални претпријатија, развивање на регионалнната и локалната инфраструктура за управување со отпад, интензивирана комуникација со јавноста и вклучување на граѓаните и унапредување на отчетноста и транспарентноста на процесите.

 

Би можело да ве интересира

Се враќаат препораките за носење на маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз

Се чисти депонијата кај Касарните

(ВИДЕО) Мариово гори, вклучени 200 професионалци од цела Македонија, хелихоптер и ер трактор не можат да делуваат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе