26.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп подготвен за карневалот ПРОЧКА 2026

Од 20 до 23 февруари 2026 година ќе се одржи традиционалниот меѓународен карневал „Прочка 2026“, во Прилеп.

Според програмата, на 20 февруари во 12:00 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на рачно изработени традиционални и современи маски (сурати).
Во сабота, на 21 февруари, точно напладне, ќе се одржи детската карневалска поворка, која ќе тргне од ООУ „Кочо Рацин“, а ќе заврши на централната бина на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

Наредниот ден, недела, со почеток во 13:00 часот, ќе биде меѓународната карневалска поворка, односно дефилето на маски, проследено со настапи на жонглери, кловнови, акробати и на куклари. Меѓународната карневалска поворка ќе се движи од Центарот за култура „Марко Цепенков“, по булеварот „Гоце Делчев“, до централната бина на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“.

Во понеделник, 23 февруари, во 12:00 часот ќе бидат одбележувањето на Чист понеделник  и традиционалниот заеднички ручек со Здружението „Прилепски мечкари“, кој ќе се одржи во манастирот „Свети Ѓоргија“ – Присад.

Би можело да ве интересира

Првите 100 дена од манадатот на градоначалникот на општина Прилеп

Витаминка: Со секој купен Стоби Флипс заедно донираме за децата поддржани од СОС Детско село

Дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе