19.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Витаминка на ISM Келн: јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки

Витаминка и оваа година е дел од ISM во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред.

Изложувањето на ISM се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и воспоставување нови контакти со потенцијални дистрибутери на глобално ниво.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија и посебно одговара за нашиот сектор. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Секогаш настапуваме високо репрезентативно и со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда.  На тој начин и со платформата на ISM често обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.

Во фокус на годинашното издание на саемот се актуелните технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со јасен акцент на потребите на потрошувачите и на развој на производи што одговараат на современите пазарни очекувања.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ! Магла со видливост до 50 метри има во Прилеп, Битола, Кичево и во Македонски Брод

Скромно одбележана градската слава Св.Никола

Еко акција за пошумување во организација на прилепските советници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе