30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

„Љубење со стихови“ во име на љубовта и убавината -седмо издание во Прилеп

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот,  во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење  со стихови“ во организација на Здружението ЗОКУМ.

Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

Специјален гостин во програмата овојпат е Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, благодарение на која публиката ќе може да чуе поезија на француски.

– Кога мислиме на љубов, вино, светлина, мода и задоволство, помислуваме на Франција. Македонија го нема Париз, но Прилеп  ја има  кафе-галеријата „Лувр“ во која в сабота ќе си ги отвориме душите, ќе мечтаеме и ќе уживаме во поетската реч-велат органиѕаторите.

Влезот е слободен, а местата се ограничени.

Би можело да ве интересира

Состојба со корона вирусот во општина Прилеп, среда, 5 ти август

Прекини во снабдување со електрична енергија на повеќе улици во Прилеп

Донесен буџетот за 2018 на општина Новаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе