22 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Премиерот Мицкоски ја потврди продажбата на 11 Октомври Еурокомпозит

Премиерот Мицкоски на прес-конференција, денеска ја потврди продажбата на последниот државен загубар, 11 Октомври Еурокомпозит-Прилеп. Мицкоски посочи дека целта е да се рестартира дел од наменското производството на воена опрема, но во идна во Македонија да се произведува и друга воена опрема потребна на пазарот.

„Целта е да се обнови старото производство, но соодветно на пазарот. Целта е да се рестартира комбинатот. Повторно ќе кажам дека оваа Влада се грижи за иднината на државата, економијата граѓаните и работниците, а картелската Влада е минато, поразена на неколку изборни циклуси. Оваа Влада има намера да ја развива државата“ рече тој.

Македонско – полска фирма го купи Еурокомпозит за 4,2 милиони евра. Македонската компанија ФУТУРА-МОДА Д&А ДООЕЛ експорт-импорт-Скопје, Друштво за трговија, производство и услуги и полската фирма FHR Armorl Logistics, стануваат сопственици, откако Основниот суд Прилеп на 5 декември 2025 година донесе решение со кое му е одобрен планот на заинтересираниот купувач за реорганизација на фабриката која може да произведува воена и полициска опрема, а има и цивилна линија.

Ова значи дека со правосилноста на ова решение, стечајната постапка (која беше отворена уште на 30 ноември 2022 година) се запира, а компанијата продолжува да работи според усвоениот план за реорганизација.  Според објавата од Централниот регистар, која стапи на сила на 26 декември 2025 година, официјално е усвоен предлогот за реорганизација на стечајниот должник. Со ова решение, компанијата не оди во ликвидација, туку добива шанса за опстанок преку инвестициски влез.

Две компании инвеститори, согласно планот, ги стекнуваат правата и обврските на должникот, а последните информации се дека компанијата Еуркопозит за производство на наменска опрема има долг од неколку милиони евра.

Компанијата загубар,  Еурокомпозит беше трансформирана во акционерско друштво со капитал 100 отсто во сопственост на државата во 90-те години кога имаше 550 вработени. Програмата на Еурокомпозит беше поделена на две главни гранки: воена и полициска опрема и цивилна линија.Таа произведуваше широка палета производи – од балистички шлемови, елеци и плочи до рачни ракетни лансери; како и електро изолациони материјали.

Долг на фабриката во 2019 година достигна повеќе од 5 милиони евра, а вработените без повеќе месечни плати.Еурокомпозит“ имаше неизвесна судбина повеќе од 15 години и од 2021 година беше во стечај.

 

Би можело да ве интересира

Дали ќе отпочне со разврска „јазолот“ Еурокомпозит

Дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, бензинот за 5 денари

Штрајкот на Еурокомпозит продолжува!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе