26.6 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација.

Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско учество и младински политики. Локалното собрание на млади ќе биде составено од по еден делегат и еден заменик-делегат предложен од младински организации, ученички и студентски здруженија, политички подмладоци и други форми на младинска активност.

Целта на Собранието е да овозможи активен придонес на младите во подготовка на документи, учество во активности, како и избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.

За учество, заинтересираните организации треба да достават пакет документи, вклучувајќи образец за номинација, мотивационо писмо, CV на кандидатите и годишен извештај за работата на организацијата.

Рокот за пријавување е до 19 февруари 2026 година, а членовите на Локалното собрание на млади ќе бидат избрани со тајно гласање.

Би можело да ве интересира

Се реализира програмата за асфалтирање на прилепските улици

Градскиот пазар ќе работи и во сабота, стартува и јавниот градски превоз

(Фото) Новогодишен Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе