28.9 C
Прилеп
понеделник, 27 јули, 2026
Пела Радио

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта.

Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат,  кои го отежнуваат движењето на граѓаните и возилата.

Од јавното претпријатие информираат дека и во иднина ќе се врши редовно одржување и санирање на оваа делница, со цел патот да остане прооден и безбеден.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден возач на електричен тротинет, се судрил со автомобил

Во сообраќајка тешко повредена малолетничка – возела електричен тротинет

Пела Редакција

Влатко Лозановски со концерт во Прилеп во пресрет на празникот 11 ти Октомври

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе