30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Гори депонијата Алинци, надлежните на терен

Попладнево повторно густ црн чад на депонијата Алинци. Екипи на ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании веќе се на терен за справување со пожарот.

Градоначалникот Проданоски при увидот истакна дека градската депонија е дива и дека ваквите пожари се повторуваат. Трајно решение е изградба на регионалната депонија во општина Новаци ,  проект во кој што се вклучени општините од Пелагонија вклучително и општина Прилеп за трајно решавање на управувањето со отпад и дивите депонии.

Попладнево заседава Општинскиот кризен штаб кој ја разгледа состојбата во насоки за преземање на мерки за спречување на понатамошно ширење на пожарот на градската депонија Алинци и преземање превентивни мерки.

Би можело да ве интересира

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

🎁Протектор полиса за животно осигурување може да биде и подарок🎁

Пела Редакција

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе