23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Пожарот на депонијата Алинци под контрола, засилена сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп – Битола

Пожарот на депонијата Алинци кој избувна околу 14 часот попладнево, е ставен под контрола од екипите на ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании, информираат од Општина Прилеп. Доцна попладнево заседавал и Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој биле утврдени насоките за понатамошно делување на сите релевантни институции. Заради безбедно функционирање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемена контролата и присуството на сообраќајната полиција. Градоначалникот Проданоски апелира граѓаните да ги следат официјалните соопштенија и да не се шири непотребна паника:

„Апелирам до граѓаните да не шират непроверени информации на социјалните мрежи, туку да ги следат официјалните соопштенија од надлежните институции. Само со точни и навремени информации може да се избегне непотребна паника и да се обезбеди координирана реакција. По теренскиот увид одржавме координативен состанок со Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој беа утврдени насоките за понатамошно делување на сите релевантни институции. Заради безбедно функционирање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемена контролата и присуството на сообраќајната полиција. Во текот на ноќта продолжуваме континуирано да ја следиме ситуацијата, а рано наутро активностите на терен ќе продолжат со координирана акција. Овој настан уште еднаш ја потврдува потребата од трајно и системско решение за управување со отпадот, односно изградба на регионална депонија со современи стандарди. Како локална самоуправа остануваме целосно посветени на обезбедување долгорочно и одржливо решение за управување со отпадот, со цел да се заштитат животната средина, здравјето на граѓаните и безбедноста на нашиот град,“ стои во соопштението од градоначалникот Дејан Проданоски. 

Би можело да ве интересира

Утре во текот на денот струја ќе немаат неколку села и улици во Прилеп

Пела Редакција

Вљубениците на природата во акција за обновување на планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка

Пела Редакција

Врховниот суд: Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, а непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе