15.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Златното момче од Прилеп Лука Најдоски промовиран во светски првак

Младиот Лука Најдоски од Прилеп промовиран во светски првак – победник на Светскиот куп во воздухопловно спортско моделарство. Медалот и дипломата во рацете на Лука беа доделени на годишното пленарно заседание на Комисијата за аеромоделарство (ЦИАМ), во Светската Федерација на Воздухопловни спортови (ФАИ) кое се одржа во Лозана.
Лука Најдоски од прилепскиот клуб Фил Феникс, член на македонската репрезентација на Светскиот куп во воздухоловно моделарство – категорија Ф1А едрилици во јуниорската конкуренција за 2025 та го освои првото место, стана светски јуниорски шампион во спортско моделарство и 13 ти на светската листа за сениори.
Лука од дете е вклучен во воздухопловните спортови и токму спортот ја насочил и неговата професионална определба. Тој учи во Белград, на Воздухопловната школа, на насоката авиотехничар и механичар.
Македонија и Прилеп има со што да се гордее бидејќи ваквите млади луѓе се најдобрите амбасадори на земјата и на родниот град!
Прилепскиот клуб Фил Феникс е предводник во македонски рамки во организација на светски и европски куп натпревари и првенства во воздухопловните спортски дисциплини. Годинава ќе  организираат 2 шампионата – Светско јуниорско и Европското сениорско првенство. Двата врвни меѓународни натпревара ќе се одржат во период од 11 денови. Градот Прилеп ќе биде под спортска окупација на 45 држави -покрај од Европа, и од најголемите Кина, САД, вкупно над 500 присутни, од 26 јули до 2 август, на теренот кај Веселчани.

Би можело да ве интересира

Љубителите на авантуризмот викендов можат да уживаат во Крушево

Вторник боево граѓање на Леково

Пела Редакција

Советот на општина Прилеп започнува со онлајн седници без физичко присуство

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе