28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Полицијата во Прилеп привела тројца под сомнение за продажба и поседување на дрога

Од билтенот на СВР Битола за подрачјето на Прилеп – полицијата приведе тројца под сомнение за продажба и поседување на дрога:

На 02.04.2026 во 23:45 часот на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.М.(23) и Д.П.(20), двајцата од Прилеп. Имено, при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.  и сопатник Д.П., при што кај А.М. била пронајдена дигитална вага со траги од прашкаста материја . По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 01.04.2026 во 17:30 часот на ул. „Ладо Лапецот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиja од слобода 29-годишната С.Б. од Прилеп затоа што при преглед во нејзиното возило „нисан” била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Светски куп во прецизно параглајдинг слетување на спортскиот аеродром Мало Коњари

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (2)

79 години од раѓањето на доајенот Благоја Спиркоски Џумерко

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе