30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Учениците од СОУ „Орде Чопела“ засадија надеж – цвеќиња и насмевки во Дневниот центар

Денеска учениците од СОУ „Орде Чопела“ -Прилеп,  од профилот агротехничар и агроменаџер, покажаа дека младоста носи сила, но и топлина. Во Дневниот центар за деца со церебрална парализа, тие не само што засадија цвеќиња, туку засадија и насмевки, радост и надеж, потврдувјаќи дека инклузивноста е применлива на дело, хортикултурното уредување е нивна специјалност.

Секоја рака што копаше земја, секој мал труд и секој искрен поглед беа дел од една голема приказна за човечност и заедништво. Цветните садници станаа симбол на нов почеток, а насмевките на децата, најубавиот плод од оваа акција.

„Денеска заедно, создадовме нешто посебно, убав двор и прекрасна искуство и дружба. Среќни сме што новите насади темјанушки ќе бидат наш дар за децата кои го поминуваат времето во Дневниот центар“ велат учениците, нагласувајќи дека вистинската вредност не е во материјалното, туку во љубовта и вниманието што го подаруваме едни према други.

Оваа иницијатива е потсетник дека секој мал гест може да донесе голема промена. Учениците од СОУ „Орде Чопела“ покажаа дека младите се носители на светлина и дека заедно може да изгради општество без пречки и разлики, во кое секое дете ќе се чувствува прифатено и сакано.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Филигрански записи од Прилеп – спој на природно наследство, традиција, култура и занаетчиство

Пандовски: Да се обединиме и да им помогнеме на дечињата болни од канцер

Пела Редакција

Нова донација од стоматолошка опрема за училиштата и зголeмување на бројот на деца во воспитните групи во градинка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе