30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи во Цепенков

На 17 април 2026/петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена  изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви: крстови, пејзажи, кочанско поле….


„ Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски“ – вели авторот Драган Верговски – Алпи.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски.
Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград.
Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони.
Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.
Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури

Би можело да ве интересира

ООУ „Добре Јованоски“ доби мултифункционално игралиште и две опремени училници

Пела Редакција

Првото бебе во новата 2022 година во Прилеп е женско

Следниот месец треба да почне изградбата на неколку автопати вклучително и Прилеп – Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе