25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Успешен старт на прилепските одбојкари – ветерани во новата сезона

Успешен старт на прилепчани на стартото на  новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот.

Со ова прилепчани ја продолжија традицијата на успешен старт, со надеж дека оваа година, како и првата, е достижен final four турнирот. Екипата на 11 Октомври на денешниот натправар ја претставуваа : Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Орде Цветаноски, Гоце Бурнески ,Мики Крстев и Атанас Николоски.

Покрај 11 Октомври од Прилеп и  Гевгелија, оваа година во лигата се вклучуваат  шест тимови: Борец Велес, Тетово, Шкендија, Скопје, Струмица. Наредниот турнир ќе се одржи на 26.4.2026 во Тетово, а  тим на 11 Октомври ќе игра против тимот на Струмица.

Би можело да ве интересира

БИТОЛЧАНКИ ДАДОА 3 ГОЛА, ПРИЛЕПЧАНКИ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ – 6

Меч за светски првак меѓу екс играчите на ШК Прилеп и ШК Алкалоид: ГУКЕШ – ДИНГ (ФОТО +ВИДЕО)

Никола Димески

Интервју: Томе Петрески, дестинација Прилеп – Мароко…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе