23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Владатa донесе одлуки за ограничување на маржите на вештачките ѓубрива

Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство Владата на Република Македонија, на иницијатива на Министерството за економија и труд и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе повеќе одлуки со кои ги ублажуваме последиците предизвикани од конфликтот во Иран, информира преку својата ФБ старница, заменик министерост за економија и труд, Марјан Ристески.

Една од гранките која силно ги чуствува негативните последици е земјоделието, каде покрај поскапувањето на енергенсите домашните земјоделци чувствуваат сериозен притисок и на поскапувањата на земјоделските репроматеријали (ѓубрива) кои имаат голем удел во создавањето на цените на земјоделските производи.
За таа цел Владата на Република Македонија донесе две одлуки со кои како највисоки цени нa залихите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година, намалени за 10 %; се ограничува највисоката бруто профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива на 5 %; се ограничува највисоката бруто профитна маржа во трговијата на големо и мало на органските ѓубрива, органо минерални ѓубрива, биостимулатори и подобрувачите на својства на почвата на 10%.
Со овие одлуки, кои влегуваат во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија и ќе се применуваат до 31 мај 2026 година, директно се помага на земјоделското производство и ќе влијае на сперчување на пораст на цените на земјоделските производи. За потсетување, досега Владата донесе повеќе одлуки со цел намалување на цените на нафтените деривати што придонесе како држава да имаме најниски цени на гориво во регионот. Внимателно ја следиме состојбата и ќе продолжиме да делуваме за заштита на стандардот на граѓаните и домашната економија,“ пишува на својот ФБ порфил заменик министерост за економија и труд, Марјан Ристески.

Би можело да ве интересира

Шест новозаразени лица од ковид-19 регистрирани во Прилеп

Црвен тепих на хуманоста – дарување и љубов, божиќни песни и радост !

Прилеп доцна попладне: Обилен дожд, грмежи, град, прекин на ел.енергија…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе