13.3 C
Прилеп
петок, 5 јуни, 2026
Пела Радио

„Карпи, мегалити“ прва самостојна изложба на уметникот Михаил Паскоски

На Маркови Кули кај карпата Слонот во Прилеп в недела на 17 ти мај, од 11 и 30 часот, на отворено,  Михаил Паскоски ќе ја одржи својата прва самостојна изложба на графички дела.

Изложбата е во чест на прилепските карпи кои се најубавите скулптури на градот. Целта на проектот е да заборавиме на дневните социјални и политички проблеми и да се насочиме кон природата како најевтин психолог. Ова е изложба на графички дела со еден мал современ пристап со тоа што се одржува на отворено под Марковите кули кај карпата „Слонче“.

Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство
и завршува основно и средно образование. Дипломирал 2024 год. на катедра по
Графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По завршувањето на
неговите студии работи како стручен соработник/ демонстратор на Факултетот за
ликовни уметности – Скопје од 2024 година. Има учествувано на повеќе групни
изложби, а следува и неговата прва самостојна изложба на 17 ти мај оваа година.
Групни изложби:
2025 Ex Libris – Киц, Скопје;
2025 Нити, Нишки, Threds – Галерија Флу, Белград;
2025 Музеј на прашина – Двор, спомен куќа на Лазар Личеноски, Скопје;
2024 Помеѓу природата и активизмот – Галерија Флу, Скопје;
2024 Графичко триенале 5 – Киц, Скопје;
2023 Завршна изложба Графичка Работилница „Софија“ – Културен дом „Бране
Петрушев, Богданци;
2023 Те гледам!… Поинаку… – Офицерски дом, Гевгелија;
2023 Професори + студенти – Мкц, Скопје;
2023 Чаршијата: Галерија на занает и уметност – Стара скопска чаршија;
2022 Apotheosis of labour – Спомен куќа Лазар Личеноски, Скопје;
2022 ДЛУП Годишна изложба – Галерија „Марко Цепенков“, Прилеп.

Би можело да ве интересира

Утревечер „Букет од песни“ на Октет Прилеп

Важно потсетување од Авто Контрол до фирмите кои превезуваат стока и патници

Пела Редакција

Прилеп остана и без големата сала во Цепенков и киното Мис Стон

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе