28.2 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Отворен ден и меѓународен форум на Економското училиште Прилеп

Средното општинско економско правно трговско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифосски Питу“ Прилеп утре,среда 20 ти мај ќе одржи два настана: отворен ден и меѓународен форум насловен како „Економиум“. Отворениот ден започнува од 9 часот и е предвиден за промоција на образовните профили кои се на располагање на деветтоодделенците, условите за учење и работа, запознавање со наставниот кадар, образовните програми и можностите за професионален развој  во училиштето.

Истиот ден од 11 часот ќе се одржи и Меѓународен форум „Економиум“ под покровителство на Општина Прилеп и градоначалникот Дејан Проданоски, на кој учество ќе земат дискутанти од Македонија и странство на тема: Инвестираме во човечкиот капитал – вештините како најсилна валута на нашите ученици .

Би можело да ве интересира

Пак ќе се прска против комарци

Крушево бара да се сертифицира како здравствено безбедна туристичка дестинација од Ковид

Ве носи РОМАН – Доколку одлучите да го посетите ПАНАЃУРот – АМИНДЕО, ГРЦИЈА нема воопшто да се покаете

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе