27.9 C
Прилеп
четврток, 23 јули, 2026
Пела Радио

Тешко повреден прилепчанец, излетал со возилото од патот кај Штавица

Прилепчанец се здобил со тешки телесни повреди од како возилото со кое што управувал излетало од регионалниот пат кај селото Штавица. Несреќата се случила вчера попладне, инфомираат од СВР Битола:

На 22.07.2026 во 15:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај с.Штавица, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(35) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Семејна драма во Лажани: И го одзел детето и не сакал да ѝ го врати на мајката

(ВИДЕО) Нова цистерна за миење на улиците доби ЈКП Комуналец Прилеп

Без утврдени цени, се подготвуваат договорите пред новата реколта

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе