29.1 C
Прилеп
вторник, 21 јули, 2026
Пела Радио

Тешко повреден рудар од рудникот за мермер во с.Небрегово

Во рудникот во с.Небрегово, (општина Долнени), вработеното лице К.С.(39) инаку , од Турција, при изведување на работни активности изгубил рамнотежа. При тоа рударот паднал на мермерна полоча и се здобил со тешки теленси повреди. Веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, која тешко повредениот рудар, морала да го однесе на понатамошно лекување во клиника во Скопје.

Информацијата од МВР гласи:

На 19.07.2026 во 17:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во рудник во с.Небрегово, општина Долнени, вработениот К.С.(39) од Турција, при изведување на работни активности изгубил рамнотежа и паднал на мермерна подлога, при што се здобил со тешки теленси повреди. Од екипа на Итна медицинска помош Прилеп, К.С. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Оштетиле кафеана, запалиле возило и му се заканувале на полицискиот командир во Кривогаштани

За 9 месеци санкционирани над 18 000 возачи без возачка дозвола

МВР со детали за двојното убиство и самоубиство во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе