Прилеп во заедничка хуманитарна акција, организирана со поддршка на граѓаните, Црвениот крст – ОО Прилеп, компании, здруженија, институции, политички субјекти собраа и повеќе од 6.000 литри флаширана вода за граѓаните на Гостивар.
Од Општината Прилеп истакнуваат дека акцијата е пример за солидарност и заедништво, нагласувајќи декаградот уште еднаш ја покажал својата подготвеност да помогне кога е најпотребно.
„Во моменти на предизвик, нашиот град повторно докажа дека знае да биде рамо за поддршка, да сплоти и да делува заеднички“, наведуваат од Општина Прилеп.

