21.9 C
Прилеп
четврток, 2 јули, 2026
Пела Радио

Кога девојките играат фудбал – Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ се државни шампионки

Ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се државни шампионки во мал фудбал.

Тие го освоија првото место на државното финале во мал фудбал во рамките на Плазма Спортските игри на младите, кое се одржа на 30 јуни во Скопје, со што се закитија со титулата државни шампионки. Со одлична игра, тимски дух, дисциплина и голема пожртвуваност, младите фудбалерки остварија значаен успех, достојно претставувајќи го своето училиште, ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп и својот град. “Нашите златни шампионки:  Ања , Елена , Ангелина , Лина , Јана , Клара , Ана Марија , Мелани и Лана“ стои на ФБ страната од ООУ “Гоце Делчев’ – Прилеп.

Инаку, голем придонес во шампионскиот резултат има и наставникот и ментор Игор Чадамов, чија посветена работа и професионален пристап беа значаен дел од патот до титулата.

Како државни шампионки, ученичките -фудбалерки од ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп, од 17 до 22 август ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Сплит, Хрватска.

Успешниот настап на ООУ „Гоце Делчев“ беше заокружен и со други значајни резултати. Тимот предводен од наставникот Мартин Митрески го освои второто место во одбојка на песок, додека екипата под водство на наставникот Влатко Тошески го освои третото место во дисциплината народна.

Од училиштето упатија честитки до сите ученици и наставници за постигнатите резултати, истакнувајќи дека овие успеси се потврда за талентот, трудот и посветеноста на младите спортисти, кои достојно го афирмираат училиштето и општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Внимание! На стрелиштето Леково ќе се врши боево гаѓање

(Фото) Доделни третоноемвриски награди, најпрестижните награди на град Прилеп

Пела Редакција

🌳СИТЕ ВО ПРИРОДА на 5 ти април, ви треба само ранец и добро расположение 🌲

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе