27.1 C
Прилеп
сабота, 11 јули, 2026
Пела Радио

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите, а Борче Шабаноски го изработи завршниот микс.

„Песната која ја напишав е вистинска приказна за еден мој пријател кој ја имал љубовта на својот живот во еден момент од животот, но ја изгубил засекогаш заради негови неверства и глупирања. Му останала само болката и каењето. Затоа е блуз,“ вели авторот Игор Јагуриноски.

Ова е шеста по ред композиција на Игор Јагуриноски, прилепчанец, по професија хемичар, а по душа-музичар. Свири во три бенда, создава своја музика и не прекинува да ја слуша музиката што му свири во главата и во срцето.

Би можело да ве интересира

❗ УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави ❗

Со Детската Амбасада ученици од Прилеп, Кривогаштани и Долнени во посета на Словенија

Планирани прекини на електрична енергија на неколку улици во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе