Според информациите од Министерството за внатрешни работи, државјанин на Словенија е приведен во Прилеп откако ноќеска го симнал и запалил знамето на Општина Прилеп поставено пред општинската зграда:
На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на Општина Прилеп и го запалил. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

