Осудените лица во прилепскиот затвор, вклучени во проектот за работно ангажирање, од денеска се дел од седумдневната акција во која осудени лица од повеќе казнено-поправни установи ќе работат на подобрување на хигиената долж магистралните и регионалните патишта низ целата држава – акција која ќе трае до 22 јули 2026 година.
Работните активности се одвиваат во непосредна близина на установата каде што затворениците ја издржуваат казната, при што целиот процес се реализира под постојан надзор на затворската полиција.
На други магистрани и регионални патишта работно се ангажирани лица од казнено-поравите установи од Идризово, Штип, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга.
Акцијата се реализира во соработка помеѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Со оваа иницијатива се придонесува за почиста животна средина, подобар изглед на патната инфраструктура и поголема општествена одговорност преку работно ангажирање на осудените лица.

