Утре, среда 3 октомври, 12.30 ч. во галеријата од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на графики од уметницата Симона Јакимовска, која ќе се претстави со 25 дела. Графичките трудови на Симона Јакимовска се темелат на доследност, концепт и беспрекорна техничка изведба. Носечките елементи: линии, куполи, кругови, рамки, се вкомпонирани во нејзините дела до таа мера што гледачот ги перципира како софистицирани композиции .Симона Јакимовска се вбројува во групата на перспективни млади автори чиешто време на македонската ликовна сцена допрва доаѓа. Симона Јакимовска е родена во Куманово на 1990 год. Има организирано бројни групни и три самостојни изложби