5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Цепенков оживеа во модерна верзија -три дена културна манифестација „ Со Марко на улица„

  Од четврток (11 –ти ) до сабота (13-ти) ,три дена прилепчани и сите посетители ќе уживаат во големио тброј културни збиднувња со манифестацијаа „Со Марко на улица„ .Ликот е земен од прилепчанецот,  собирач  на макеоднски народни умотворби  Марко Цепнков.

Настаните ќе се одржуваа, главно во Центарот за култура „Марко Цепенков, а во нејзиниот содржински дел ќе има забава,коцерти,музички перформанси,филмови : зумба за сите, креативни детски работилница со бои, претавата „Женско царство“, дневни кино сесии со кратки филмови, презентација на првата маркова визуализација ,отворање на фестивалот со огнена приказна, нузичка класика,  Слем – Мајтан инспириран од Марко Цепенков , презентации на интернационалните работилници,  концерти на саксафон, канго џампс – рекреација,с тудија за боди пејтинг…и многу многу други содржини кои започнуваат од 12,00 часот па се до 24:00 часто. За поголема поуларицација на Марко ќе се продаваат Маркови гаџети и истите ќе можете да си набават за време на фестивалот:беџови, стикери, магнети, прстени, букмаркери, приврзоци, маици, торби…

Програмата „Со Марко на улица„ е поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија,Општина Прилеп, како и од Центарот за современа ликовна  уметност-Прилеп.

Зоран Димоски идеен носител и проектот и  координатор вели  : „Првата тематска инспирација за новиот прилепски фестивал не е случајна, а причини за да се занимаваме со урбаната верзија на Марко има многу: самоук интелектуалец; љубител на модата и пишувањето; необразован, а активен корисник на сите балкански јазици; интердисциплинарна, мултукултурна и мултинационална собирачка дејност; поврзувачка улога во градењето на заеднички национален идентитет, преку бележењето на народното наследство на сите етнички групи; автор на една од најинспиративните приказни за деца (Силјан штркот); визуелен изглед кој идеално може да се впише во денешните естетско–популарни критериуми. Тоа е човек кој апсолутно заслужува да биде трајно врежан во нашето сеќавање, но формата на која што Марко е претставуван во учебниците, во народните приказни, во фантазиите на децата е многу застарена, архаична, односно помладата популација воопшто не го доживува како некој којшто бил иновативен и модерен во своето време, а ние сакаме да докажеме дека истото важи и сега. И тоа планираме да го направиме користејќи современи уметнички текови, современа технологија, да направиме некој вид на субверзивно читање на целото негово народно творештво, субверзивно значи да прочитаме што стои зад текстот, а не самиот текст, и сите тие мисли, дела кои што ние ќе ги извлечеме и ќе заклучиме дека можат да бидат актуелни, ќе ги преставиме во современа форма преку 3Д мапинг, дигитални визуелизации, работилници за деца, слем вечери, преку создавање на сликани површини таканаречени мурали, кои делумно исто како да се сработени во 3Д техника.“-истакна тој

 

Би можело да ве интересира

Важна информација за сите возачи и фирми во Прилеп

Гордана Цветаноска

Се контролираат влезовите во Прилеп како превенција од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе