16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Два вечери ора и македонски фолклор во Прилеп

КУД „Мирче Ацев“  утре 19.10.2018, во 20.00 ч. во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи  концерт. На овој традиционален настап ќе се претстават сите членови на друштвото, кое ја негува фолклорната традиција веќе  77 години. На програмата се повеќе ора од богатиот репертоар на друштвото, со што и овојпат ќе биде претставен македонскиот фолклор.

КУД „Мирче Ацев“ настапувало на бројни фестивали во земјата и во странство, за што е добитник на повеќе награди и признанија.

                                  ххххх

КУД „Моминок“ вo сабота 20.10.2018 од 20.00 ч.во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презентираат богатиот македонски фолклор. Гости на вечерта се КУД „Трнова“ – Угљевиќ  и КУД„Којчиновац“ од Пучиле, Бјелина и двете од БиХ.

КУД „Моминок“ формирано во 2003 година, работејќи години наназад под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“, настапувало на бројни фолклорни фестивали, манифестации, собири низ Македонија и во странство, на тој начин презентирајќи го богатиот македонски фолклор.

Би можело да ве интересира

Меѓународен научен собир „Материјализација на мислата“ во организација на Институтот за старословенска култура

Пела Редакција

Утре започнува 53 тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Изложба на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции во Куманово

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе