7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Манчески повторно снима филм во Мариово

Во близина на с.Крушевица започна со снимање „Врба“, шестиот долгометражен игран филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, кој е автор и на сценариото.

„Врба“ е три испреплетени приказни за љубов и доверба – едната од македонското средновековие, другите современи – се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа.

Главните улоги режисерот ги довери на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски.

Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот Регион и на различни локации низ Скопје.

Во Крушевица за потребите на снимањето изградени се два филмски сета, со автентични сценографски решенија во духот на времето, кое режисерот сака да го долови во филмот, а во Штавица ќе се користат веќе постоечки ресурси со дополнително преуредување.

Во абгуст Манчевски ги сними првите две сцени на Трескавец,од каде и започна снимањето на филмот „Врба„

„Врба“ ќе биде шести игран филм на Манчевски, кој од Агенцијата за филм на Република Македонија е поддржан со 1,2 милиони евра. Во продукција е на „Банана Филм“ и продуцентот Јане Ќортошев.

Преземено од divianarts.com

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВЕЧЕРВА, ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 100 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БОРКА ТАЛЕСКИ

Елизабета Филипоска

„Креации од ноќта“, тематска изложба на дела од уметници на ДЛУП

Пела Редакција

Прва самостојна изложба на прилепскиот уметник Славчо Павлоски во родниот град

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе