4.8 C
Прилеп
петок, 7 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепчанецот Љупчо Ристески ја „зграпчи“ гран-при „Плакетата Милтон Манаки„ за аматерски документарен филм „Камера 300″

Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен филм „Клучарот Цако”, е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки” на 26-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм „Камера 300″, што се одржува во Битола.

Изборот е направен во конкуренција од 52 документарни филма на автори од повеќе европски држави.

Жирито одлучи „Златна камера 300″ да им се додели на авторите Драго Латиновиќ и Илија Галоња од Србија, кои на фестивалот во Битола настапија со документарниот филм „Зов”. „Сребрена камера 300″ ќе добие Ема Лазарова за документарецот „Никогаш повеќе”, додека „Бронзена камера 300″ освои Ролф Мандолеси од Италија со филмот „Без смисла”.

„Според традицијата, жирито одлучи да додели и награди „Златен медал на УНИКА”, Плакета на Општина Битола, Плакета за монтажа, идеја и репортажа, а Плакетата за режија, која се доделува во чест на Драги Савевски, годинава ќе му биде доделена на Радован Ѓериќ од Србија за филмот „Банатски блуз”, истакна Стевче Хаџиантоновски, директор на ФАДФ „Камера 300″.

Врачувањето на наградите и прикажувањето на наградените документарни филмови ќе биде во рамки на празничната програма за Денот на ослободувањето на Битола – 4 Ноември.

 

Би можело да ве интересира

“Глембаеви” викендов на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”

Елизабета Филипоска

Ретка можност да „ѕирнете„ во светот на домородните африкански племиња преку искуството на прилепчанката Билјана Јуруковски

Пела Редакција

Во прилепскиот театар се подготвува „Хамлет“ во режија на Бранко Брезовец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе