Ракометот и e во срцето, иако времето го кориси и за образование и читање на добра книга, бидјеќи смета дека едукацијата на еден спортист е многу важна. Ракометните почетоците и се во родниот Прилеп, во ракометната школа „107“, која се формира по распаѓањето на ракометниот клуб „Тут-ком“. Своите натпреварувачки искуства како 12-сет годишна ракометарка ги имаше во Првата женска лига со екипата на „ Таста 107„ , а на свои 13-сет години настапи и во Супер лигата во „Жито Прилеп“, играјќи дури и против првиот тим на Вардар, во едно од ракометните кола.
Ракометарката по потекло од Прилеп, Сашка Филипоска, денска настапува во ЖРК Пелистер – Битола. Ги брани боите на женскиот ракометен клуб од нашиот соседен град. Ракометните вештини ги надоградуваше како член на младинските школи на Вардар, па стигна до “Вардар Јуниор“,кој го предводеше селекторот на женската репрезентација Симе Симески, најпрвин, како лев, па десен бек, а потоа и како пивотмен, чија позиција денска ја игра, брилјантно и успешно. Беше репрезентативка на македонска кадетска репрезентативка, која настапи, за прва пат, на Европско кадетско првенство за жени, во Словенија. Дипломира на Академијата за ракомет во Скопје, а денес е студент по психологија во Битола, и жесток борец во ракометнто поле на линијата од шест метри.
Спортското портфолио на Сашка е уште поинтересно. Оваа 18 -сет годишна македонска ракометна иднина ја поврзуваат почетоците во женскиот фудбал во ЖФК Победа – Прилеп,
каде тренер беше нејзиниот татко Блаже Филипоски, а паралелно и ракометот во прилепскиот клуб „107“ каде пак, тренер беше нејзината мајка, Елизабета Филипоска. Семејство посветено на двата спорта, а Сашка во еден момент исправена пред дилемата каде да продолжи со својата спортска кариера: фудбал или ракомет? Што беше пресудно?
– Се определив за ракометот бидејќи таму се пронаоѓав повеќе, ме привлекува ракометот, затоа што за мене е повозбудлив спорт, се постигнуваат повеќе голови. Ракомет тренирам од мојата 7/8 година. Со овој спорт сум ,ете некако поповрзана. Сум доживела и среќа, и тага, и гнев,но и многу радосни моменти… Го сакам ракометот, бидјеќи преку овој колективен спорт се стекнуваат вистински пријателства, половина од денот го поминуваме заедно со соиграчите, и најважно имаме иста цел. Во секој спорт како што има позитивна, така има и негативна страна, како што се повредите, со кои што ние спортите се соочуваме, но и радостие за секој постигнат гол и освоен бод. Исто така, се соочуваме и со неправди, кои ни ги нанесуваат судии, некогаш тренери, средината…,но, битката за успех и самопотрдување и докажуваме пред себеси, те тера да продолжиш понатаму, да се бориш за секоја спортска скала, нагоре. Спортска култура и предизвиците не направиле да останеме воздржани, цврсти и упорни во настојувнето да се станеме добари спортисти ,но и луѓе – вели Сашка Филипоска
Филипоска настапуваше во сите лиги и категории во македонскиот женски ракомет. Од прилепските почетоци во „Таста 107„ како една од најмладите првотимки во Првата македонска лига, а потоа во Вардар јуниор во Ракометната Супер лига. По распадот на женскиот тим на Вардар од неколкуте понуди, таа го одбра, токму Пелистер од Битола, за што пресудно е како што вели таа „спортскиот ритам и душа на овој град, традицијата, а особено љубовта на Битолчани кон ракометот “.
Но, спортот бара жртви, слободното време се сведува на патувања во служба на ракометот, натпревари, тренинзи, тренинзи…Малку останува време за најблиските, од кои Сашка е оддвоена од својата 14 годишна возраст. Можеби токму близината до домот е причината за блескавите настапи во Пелистер ,каде што дојдоа до израз голгетерските способности? На последниот натпревар таа забележа втора 7 ка во досегашниот тек на првенството. Што е пресудно да се биде успешна ракометарка во Македонија, но и да бидиш дел од успешен тим?
– Семејството е најдобар мотив за моите ракометни успех и голови. За мене е важна нивната поддршка , но и кога бев подалеку, живеејќи во Скопје и играјќи за Вардар, ја имав нивната максимална поддршка.Бидејќи, се чини, нам спортот ни е во крвта,одсекогаш сме биле опкружени со спортот, спортисти и спортски муабети
Модерниот ракомет,денес, бара многу трчање,знаење,снага и тактика.Секој играч може да игра на две позиции, ако покаже способност за тоа. Секој играч треба да вложува во себе, и да се труди да ги надополнува своите послаби страни, а да се надоградува себеси. А, за успешен тим најбитно е пријателството, сплотеноста меѓу играчите, почитување, самоконтролата, и најважно е да се радуваме на успесите на секој играч од својот тим, како да е наш успех. Се разбира професионалниот играч ги следи инструкциите на тренерот. Но, модерниот ракомет бара и здрав живот, здрава исхрана и многу пожртвуваност, бидејќи, така речи, и да немам слободно време за забава, пријатели и сл.како останатите млади луѓе.
За жал, во женскиот ракомет во Македонија не се вложува многу, финансии, па затоа имаме послаба лига, немаме можност за интернационални натпревари и тука нема надоградба. Поради тоа на играчите им е пред се предиспозиција да играат во другите држави, вели таа.
Екипата на ЖРК Пелистер годинава настапува во „Челинџ куптот“. На , 11 ти ноември,в недела играте во првото коло од Челинџ купот, во Малта ,против екипата на Лa Сале. Какви се твоите очекувањата?
– Првенствено, ова за мене е прв настап во Челинџ куп, и прествува голема шанса за докажување надвор од Македонија. Сакам да покажеме како тим дека играма квалитетен ракомет и да постигниме успех, прво како тим, а потоа и како поединци. Играта ни е најбитна, максимална концентрација на сите и добра одбрана,да ги користиме грешките на противникот,па резултатот ќе си дојде сам по себе – додава одлучно Филипоска.
Врската со ракометот е нераскинлива за девојка која пораснала и се кали со овој спорт. Талентот и „вложувањата“ ја трасираа иднината на Сашка, така што недвосмислена е желбата за успех како ракометарка, иако се разгледуваат и другите опции, како што е тренер и се што е поврзано со спортот, кога ќе дојде време за „пензионирање“ од активните натпреварувања. Таа сега студира на Славјанскиот Универзитет, струка психологија, а желбата е да продолжи да се специјализира спортска психологија, зашто како што вели: „на секој тим му е потребен потребен и психолог, кој на екипата ќе и помогне за зајакнување на концентрацијата, дисциплината, самодовербата…
Но, родниот Прилеп влечи со својата богата ракометна историја, на прашањето за идеален тим Сашка го одбра некогашниот женски ракометен клуб „Тутунски Комбинат, а нејзините ракометни идоли се бомбашот, Вуко Борозан, виртуозот Филип Миркулоски, а од девојките Андреа Лекиќ. И сепак, би се вратила во родниот град, но како што вели ако се врати професионализмот, сериозноста и дисциплината за овој спорт.
Ракометерка со педигре – нема што!